Мајка ѝ го убила татко ѝ, а таа била единствениот сведок: Животната приказна на Шарлиз Терон

Холивудската актерка Шарлиз Терон не може да се пофали со среќно и безгрижно детство.

Имено, нејзиниот татко се борел со алкохолот, бил насилен и нејзината мајка го убила во самоодбрана.

„Тогаш се правев дека тоа не се случило, бидејќи не сакав да зборувам за тоа. На луѓето им кажував дека мојот татко загинал во сообраќајна незгода. Кој би сакал да раскажува таква приказна. Никој не знае како да реагира кога им кажете дека татко ви е алкохоличар кој го убила вашата мајка. Не сакав да ме гледаат како жртва“, открила таа.

Иако и е тешко да се сеќава на се што преживеала, таа рекла дека тогаш живеела во константен страв од татко си. Секој ден се будела плашејќи се какви ќе биде неговото расположение тој ден.

„Горда сум што го преживеав тоа“, рекла таа.


Кога една ноќ, нејзиниот татко Чарлс се вратил дома во видно пијана состојба и почнал да тресе и да се заканува дека со пушка ќе ја убие сопругата и ќерката. За жал ова не биле само празни зборови и тој ја земал и почнал да пука во собата на Шарлиз. Уплашена за својот живот и животот на својата ќерка, Герда му го земала оружјето и го усмртила.

Мајката на Шарлиз Терон поради самоодбрана, е ослободена од обвинение.