Мајка ми не ме роди за да го поминам животот задржувајќи ги мажите

На Твитер повторно започна дебата помеѓу жените за тоа како да го задржат мажот. Дали ова денес воопшто треба да биде актуелна и релевантна тема?

Многу жени и понатаму се прашуваат дали се доволно добри за да ги задржат мажите, како само тие да се виновни за сите подеми и падови во еден однос.

Дваесет и први век сме, сите сме самостојни, побогати и поуспешни, но како да сме програмирани дека имаме мисија да ги задржуваме, забавуваме и менуваме мажите кои ги имаме или сметаме дека ги имаме“ - пишува Марина Радош за „Магазинот Лола“.

Замислете ја сцената во која четири мажи седнати на кафе или пиво ги читаат пораките од девојките и толкуваат што сакал авторот да каже. Ме остави само на „seen“. Што мислите, дали ме игнорира или има друг, вели еден од нив.

Брат, ајде да направиме лажен профил и да погледнеме некое стори за да видиме каде и со кого. Одлична идеја, додава третиот, а четвртиот веќе се напил, бидејќи со месеци е во врска со емотивно недостапна жена која не сака да се вселат во заеднички стан. Тој одамна сака деца, а таа повеќе ги сака излегувањата и самотијата.

Не се случуло тоа. Не се случило.

Женските магазини одамна се полни со совети за тоа како да го заведеш, освоиш и задржиш мажот што го сакаш. Што сакаат мажите кај жените? Каква облека ќе ги одврати, а каква ќе го привлече? Како да го полудиш мажот во кревет? Што да му зготвиш? Како дискретно да го поттикнеш за да те побара за жена? Како да го одржиш бракот?

Замислите само некој ваков сличен текст да се појави во некој машки магазин, покрај предлозите за мотори или автомобили? Не се случило, не се случило.

Дали тебе твојата мајка те родила да го посветиш својот живот на мисијата на задржување на мажот? Дали ти си вистинската жена само доколку си успеала со некоја магична формула или со воена стратегија да го спречиш твојот маж да те изневери со некоја млада згодна русокоса? Зошто ја прифаќаме таквата наредба и зошто нас жените не не учат дека мажот треба да не задржи, а не ние него?

Дали тебе мајка ти те родила за животот да го поминеш во страв дека не си направила нешто доволно добро за мажот да остане?

Дали тебе мајка ти те родила за да правиш воени стратегии, да решаваш математички формули и да правиш магии за да задржиш било кој во било каков однос?

НЕ.

Единствениот маж кој е вреден за твојот труд, готвење, љубов и стратегии е оној кој силно сака да те задржи тебе.

Извор: 6yka.com