Мајка на четири деца заработува повеќе од 150.000 евра месечно поради својот изглед: „Ќе го истетовирам и лицето“

Повеќе од 80 проценти од нејзиното тело е покриено со тетоважи

Дона Нипер (40) од Лондон се заљубила во тетоважите како тинејџерка, а кога наполнила 18 години заминала да ја направи својата прва тетоважа. Денес, 80 проценти од телото и е покриено со тетоважи.

Инаку, Дона е мајка на четири деца, а како што вели, родителите знаат да гледаат во нејзиното тело кога ќе дојде на училиште да ги земе децата. 

- Не се срамам да покажувам тетоважи и тело. Јас разбирам зошто зјапаат, но тоа не ме засега - вели Дона.

- Имам тетоважи на најневеројатните места, дури и на брадавиците. Засега ги немам тетовирано само лицето и десната рака, но има време, ќе го истетовирам и тоа.

Дона претходно на социјалната мрежа ТикТок зборуваше за нејзиниот тежок живот и борбата што ја минала со поранешниот сопруг. 

- Моето ментално здравје беше уништено. Јас и сопругот се разделивме, а јас се повлеков, почнав да пијам и добив неколку килограми - се сеќава Дона.

Сепак, еден ден таа решила да го промени својот живот, па отворила акаунт на популарна веб-страница, каде што оваа мајка поставува провокативни фотографии.


- Заработувам повеќе од 150.000 евра месечно на Интернет. Луѓето плаќаат за да ги погледнат моите фотографии. Сега сум среќна жена - заклучува Дона.


Фото: Инстаграм/donna_wildcard13

Можеби ќе ве интересира:

Запознајте ја жената со најмногу тетоважи на светот: Нема „слободно“ место на телото