Мајка по дури 14 сина, роди ќерка: Таа е најдобриот подарок во оваа чудна година

Катери Шванд и нејзиниот сопруг Џеј, двајцата на 45 - годишна возраст, неодамна, по 14 момчиња, добија девојче!

Оваа двојка од Мичиген малата Меги Џејн ја дочека на почетокот на овој месец и вели дека не може да биде посреќна.

„Оваа година создадовме многу спомени, некои убави, некои необични, а Меги е најголемиот подарок кој го добивме“ - гордо кажа Џеј.


Најстариот син, 28 - годишниот Тајлер вели дека досега дома немале ништо во розова боја и дека биле уверени дека родителите никогаш нема да добијат ќерка.

Ова семејство веќе неколку пати се појавуваше во медиумите поради големиот број членови, но поради интересниот факт дека Џеј и Катери со години добивале само момчиња, пренесува The Sun.