Мајката која му го даде своето око на синот: Ја мразеше, но доби писмо...

Момчето, кое сите го задевале на училиште заради својата мајка, добило проштално писмо по неколку години, кое и денес кружи на Интернет и предизвикува длабоки емоции.

Ви ја раскажуваме целата приказна во целост:

"Ја мразев, беше срамота за нас. Таа подготвуваше храна за учениците и наставниците во моето училиште. Еден ден, мајка ми дојде во училницата за да ме поздрави. Подоцна, моите пријатели ме задеваа. Се срамав. Само што не паднав на земја и сакав мајка ми едноставно да исчезне. Кога ја видов повторно, и‘ реков дека ме посрамоти и дека подобро е да умре.

Мајка ми не одговори ништо, таа само погледна тивко. Не застанав за момент да размислувам за тоа што и ’го кажав, бев многу лут. Бев незаинтересиран за нејзините чувства… Сакав да заминам од дома и никогаш повеќе да не ја видам. Учев многу и напорно. Затоа, добив можност да заминам во Сингапур да студирам. Таму се оженив, купив куќа и имав деца. Бев среќен и задоволен од мојот живот.

Но, еден ден, мајка ми дојде да ме посети. Таа не ме видела со години, ниту пак ги видела нејзините внуци. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да се исмеваат од неа ... а јас и викнав: „Како се осмелуваш да дојдешво мојата куќа и да ги исплашиш моите деца?“

Само туку така се појави непоканета.

"Излези од тука веднаш!"

Мајка ми само тивко одговори: „Жал ми е, сигурно сум ја погрешила куќата“, и исчезна...

После неколку години, добив писмо. Бев поканет на годишнината од дипломирањето. Ја излажав сопругата дека морам да одам на службено патување. По прославата, од некоја љубопитност, застанав крај родниот град. Кога ме видоа, мештаните ми рекоа дека починала мајка ми.

Не испуштив ниту една солза. Ми предадоа писмо, за кое ми рекоа дека е од неа…

"Мојот драг сине, цело време размислував за тебе. Жал ми е што дојдов во твојата куќа и ги исплашив твоите деца. Мило ми беше што слушнав дека успеа во животот. Жал ми е што отсекогаш сум била товар и срам за теб. Знаеш, кога беше дете, се случи несреќа во која изгуби око. Како мајка не можев да поднесам да теизраснам без едно око. Лекарите те прегледаа и ми рекоа дека е невозможно да прогледаш со тоа око. Јас тогаш ти дадов едно од моите очи… Бев горда затоа што мојот син ќе го погледне и ќе го види светот за мене, со тоа око.

Со љубов, секогаш со тебе, твојата мајка “.

Можеби ќе ве интересира и Исповед на една мајка: Што е добро да знаете доколку се уште немате деца?