Мајките на плачот на бебето реагираат за пет секунди – програмирани се!

Проучувани се 684 мајки на прво дете. Сите доследно го подигале детето, го прегрнувале и му зборувале како би го утешиле. Скен на мозокот открил кај сите и зголемена активност во делови задолжени за негување, движење и говор. Мајките ги снимале дома, а сите бебиња имале околу пет месеци. 

Мајките реагирале на плачот на своето дете во рок од пет секунди.

 - Плачот на бебето кај повеќето возрасни поттикнува емпатија и грижа, но кај некои и занемарување, па дури и злоупотребување. Затоа разбирањето како мајките нормално реагираат на плачот на бихевиорални и нервно ниво е потенцијално откритие-рекол Марк Борнстеин, шеф на американскиот Национален институт за детско здравје и човечки развој. Се надеваат дека овие откритија ќе помогнат во сознанието како функционира мозокот при абнормални варијации на родителството – кога е во прашање занемарување на детето. 

Роберт Фроемк, невронаучник од Њујоршкиот универзитет, кој бил вклучен во студијата, рекол како окситоцинот и другите хемикалии во мозокот на новите мајки имаат влијание на нивните реакции. Мозокот на „новите“ мајки преминува низ динамични промени како би ја подготвил жената на стрес и нова улога. Сепак, научниците истакнуваат, треба да се направат уште истражувања како подетално би се утврдила реакцијата на мозокот на бебето-на пример кај жените кои не се мајки. Посебно истражување заклучило дека децата уште во период од две години може да препознаат позитивни емоции и да ги поврзат реакциите на возрасните со причината. Порано се мислело дека се способни да разликуваат само неколку основни емоции. Иако има уште непознати нешта во емоционалниот развој на мали деца, јасно е дека сфаќаат многу отколку што порано се мислело.