Мајкл Бубле и Луисана Лопилато очекуваат четврто дете: Со трите деца во нов спот го покажа стомачето
Сопругата на Мајкл Бубле, Луисана Лопилато е бремена! Парот откри дека чекаат четврто дете во неговиот нов спот.
Во најновиот спот на Мајкл кој излегува денес, „I'll Never Not Love You“, парот открива дека го очекуваат четвртото дете.
Пејачот Бубле и Луисана Лопилато, 34-годишната аргентинска актерка која ја запознавме како Миа Колучи во „Млади бунтовници“, се верија во 2009 година, а се венчаа две години подоцна во 2011 година.
Двојката има три деца: Ноа (8), Елијас (6) и тригодишната Вида.
На најстариот син на Бубле, Ноа, му беше дијагностициран рак на црниот дроб во 2016 година и е во ремисија од 2017 година.
Мајкл во интервју изјави дека живеат „многу подлабок живот сега“ по битката со ракот на нивниот син: „Не посакувам таква болка на ниту едно човечко суштество, навистина почувствував страв и загуба, тоа ви овозможува да живеете подлабок живот“.