Македонија треба да има жена Претседател: Јасмина Поповска го објави својот избор

Добивај вести на Viber

Актерката Јасмина Поповска смета дека Македонија треба да има жена за Претседател. Според неа, идеални кандидатки за таа функција се Илинка Митрева, Гордана Силјановска, Мирјана Лазарова- Трајковска, Радмила Шекеринска и Каролина Ристова-  Астеруд. 

„ Еднаквост на жените! Сметам дека во нашата земја се созреани услови за жена кандидат за претседател на Македонија! Од моето инволвирање во политиката во плурална Македонија како млада жена, но етаблирана актерка со резултати и награди во својата професија работев на проекти и создавање на лобинг мрежи за застапеноста на жените во јавниот и политичкиот живот, особено во сферата на моќ и одлучување. Една од основачите сум на Женското лоби на Р.Македонија и покрај видливите резултати и имплементација на законите за триесет проценти застапеност на жените во парламентот и локалната самоуправа, политиката е сѐ  уште машки апартхејдот“, вели актерката. 

Таа нагласува дека веќе 12 години не е партиски ниту политички активна, но со целокупниот претходен багаж на искуството, знаењето и работата апсолутно е убедена дека во Македонија има жени кандидатки, видливи во заедницата преку својата професија. „Сакам да истакнам дека треба да се кандидира пред сѐ економски независна и силна личност“, додава Јасмина.

„ Нешто што многу ме исполнува како жена, како личност е учеството во работата на „Лајонс клубот“ во Македонија, чија главна канцеларија е во Чикаго. Мило ми е што сум дел од тимот на светски познати луѓе, активисти на „Лајонс клубот“, како Реган и Обама на пример“, изјави актерката во интервју за Женски магазин. М.Џ.