Македонски јутјубер во САД: Сонуваме да си одиме, па посакуваме да се вратиме дома

Добивај вести на Viber

Борнео Седеу Нишевиќ, или кај фановите попознат како BоnnoTV, директно од Америка за Хаштаг.мк, раскажа каде му е поубаво - дома или таму, од што најмногу се плаши и која му е неостварена желба!

# Знам дека тука ти се семејството и пријателите, но настрана од тоа, каде е подобар животот, таму или во Македонија?

- Дома си е дома. Каде и да се наоѓам на светов - дома си е дома. Има една појава кај нас каде сите сакаме да избегаме од родното место. Иако сум кратко време овде, за овие две години го имам донесено заклучокот дека дома е местото што растејќи мечтаеме да го напуштиме, а растеме постари мечтаејќи да се вратиме назад. Затоа каде и да сум, срцето секогаш ќе ми припаѓа во Македонија.

Повеќе на Hashtag.mk