Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа

Добивај вести на Viber

И оваа година Македонски Телеком ја доби престижната Ookla®награда за најдобра мрежа. Резултатите покажуваат најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа и најдобар квалитет на мобилната мрежа во првата половина на 2024 година*.

Ookla® е светски лидер во анализа и тестирање на квалитетот и брзината на мрежата, а наградите Speedtest AwardsTM се резултат на длабинско шестмесечно истражување и анализа на тестови иницирани од корисниците, коишто се потврдуваат со апликациите на Speedtest®.

За брзината на мрежата, направени се 160.564 тестови за мобилната и948.686 за фиксната мрежа. Податоците покажуваат дека и мобилната и фиксната мрежа на Македонски Телеком се најбрзи на пазарот во споредба со конкуренцијата со резултат Speed ScoreTMод 148.78 за мобилната мрежа и Speed ScoreTMод 52.77  за фиксната мрежа.

„Горди сме што повторно ја добивме оваа награда. Оваа година мерењата на Ookla®потврдија најголеми брзини на нашата фиксна и мобилна мрежа. Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошкото визионерство се препознаени. Развојот и инвестициите во мрежата и во новите технологии се наша примарна стратегија, а нашиот мотив е да им обезбедиме на корисниците врвни услуги и постојана поврзаност секогаш и секаде. Ова е и признание за нашиот тим којшто неуморно работи на развојот на мрежата. Ќе продолжиме со силен фокус на квалитетот и стабилноста на нашата инфраструктура, којашто е основа на дигиталната трансформација и предуслов за услуги според потребите на корисниците.“ – истакна Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ.

Ова е второ признание за перформансите на мрежата на Македонски Телеком оваа година. Според мерењата на квалитетот на мобилните мрежи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), мрежата на Македонски Телеком е на прво место со 637,7 поени, што е највисок резултат во Македонија.

Супериорноста на мрежата на Македонски Телеком е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање, пионерски подвизи за ширење и модернизацијана мобилната и фиксната мрежа. Нашата5G мрежа продолжува да се шири и е достапна за 92% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура, којашто интензивно се шири. Телеком има речиси 3 пати повеќе домаќинства покриени со оптичка инфраструктураво споредба со  сите  останати оператори на пазарот заедно, односно 330 илјади пристапи до оптика, што е за 13,9% повеќе споредено со истиот период од претходната година. 

ПР објава