Македонски убавици со титули на Miss Fashion TV во Романија
Ива Михајловска и Сандра Стефановска се убавиците кои ја претставуваа Македонија на изборот Miss Fashion TV Europe 2018 кој заедно со пролетниот фестивал Fashion TV се одржа во Букурешт, Романија. И двете успеаја да освојат титули. Михајловска беше прогласена за Miss TV Star, признание кое го додели лично сопственикот на Fashion TV, Мишел Адам. Стефановска, пак, е Miss Telegenic, специјлна титула која ја доделуваат десет камермани, ангажирани од популарниот ТВ-канал пред кои девојките позираа. Со титулите кои ги освоија, Ива и Сандра автоматски се пласираа на светското финале Miss Fashion TV World 2018 што ќе закажано за септември во Кипар.
Михајловска и Стефановска се членки на модното студио „Црнокрак“ кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и во чија организација тие отпатуваа, престојуваа и учествуваа на реномираниот моден настан.
- Шоуто не беше обичен избор, туку вистински моден спектакл кој се одрќа во романскиот парламент – информираат од „Црнокрак“.