Македонските дами од државниот врв во достојни и уникатни креации го посетија Ватикан: Според сите протоколи- на врв на задачата

Низ годините македонскиот политички врв беше во посета на папата Франциск во Ватикан.
Македонските претседатели и претседателка, како и премиери одржаа средби со папата.
Првите дами и нивниот дрес код привлекоа големо внимание во македонската јавност, посебно оној на сопругата на претседателот Стево Пендаровски кој беше наменет токму за посетата во Ватикан.
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов во 2019 година Иванов беше домаќин на првата апoсотолска посетата на папата на Македонија. Додека во 2023 година Иванов беше дел од генералната аудиенциа на плоштадот Свети Петар со делегацијата на младите лидери и пријатели на Школата за млади лидери.
Во 2018 година тогашниот претседател на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во придружба на сопругата Зорица Заева и на владината делегација остварија средба со Папата Франциск и со државниот секретар Пјетро Паролин, во Светата Столица во Рим.
Во 2021 година тогашниот претседател Стево Пендаровски беше во официјална посета на Ватикан, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска. На подарок папата од Пендаровски доби дрес на кој пишува „Папа Франциск“.
За оваа пригода таа облече црн костум со вел, дело на модната дизајнерка Лидија Георгиева. Според протоколот за средбата во Ватикан, Ѓоргиевска носеше долги ракави и сукња под колена. На црниот вел, пак, со глаголица е испишано, „Зарем сонцето не нè грее сите“. Овие зборови ги кажал Кирил во 9 век кога папата Адријан Втори ги благословил азбуката и книгите напишани од браќата Кирил и Методиј. „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво?“, рекол тогаш Кирил.
Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата во 2022 година беше во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, беше примена од неговата светост Папата Франциск. Младата дама како и сите претходни дами кои доаѓаат во посета на папата го задржа дрес кодот кој се налага, во црно здолниште до потколеници и вел на главата.
Минатата година беше посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова на папата во Ватикан на 24 мај. При посетата таа му подари резба со мотив од птицата Феникс како симбол на бесконечноста. Римокатоличкиот поглавар доби и икона испратена специјално од поглаварот на МПЦ-ОА, Г.Г. Стефан, а генералниот секретар на Ватикан прими украс од народна носија.