МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЕДИНСТВЕНИ ОД БАЛКАНОТ НЕМА ДА МОЖАТ ВО ЕУ - објавена нацрт листата на Европа

Во најновиот предлог-список на земји чии граѓани ќе можат да влезат во Европската унија од први јули, наведени се сите балкански држави, но не и Македонија, тоа само што беше објавено во Брисел, пишува Еуроњус.

Официјални лица во Брисел моментно разговараат за кои земји ќе им биде дозволен влез и кои нема, кога ќе се отворат границите на Европската унија на 1 јули. Постојат две листи, една за оние што ќе бидат прифатени и оние што нема.

Според нацрт-списокот на држави чии граѓани ќе можат да влезат, тука е и Србија, пишува Еуроњус.

Во четвртокот, европските официјални претставници не успеаја да донесат одлука за кои земји ќе им биде забранет влез, па разговорите продолжија и денес, а според Еуроњус, Бразил, Катар, САД и Русија не се на списокот на посакувани во ЕУ.

Сепак, извори на Еуроњус го доведуваат во прашање и датумот на повторното отворање на границата на 1 јули, посочувајќи дека договорите нема да бидат спроведени навреме.

Исто така, постои несогласување во однос на критериумите за спроведување на оваа одлука, при што некои тврдат дека податоците за вирусот корона не се сигурни, така што од Агенцијата за превенција на болести на ЕУ се бара да дадат повеќе детали, а изворите посочуваат дека списокот ќе се ревидира на секои две недели.

Тековниот список на држави чии граѓани можат да влезат во ЕУ од 1 јули, ги вклучува Србија, Ватикан, Монако, Црна Гора, Косово, Андора, БиХ, Украина, Албанија, Турција, Демократска Народна Република Кореја, Туркменистан, Виетнам , Кина, Тајланд, Мјанмар, Монголија, Јапонија, Јужна Кореја, Грузџија, Бутан, Лисабон, Индонезија, Узбекистан, Индија, Таџикистан, Казахстан, Нов Зеланд, Австралија, Палау, Доминика, Бахама, Сент Лусија, Уругвај, Јамајка, Куба, Гвајана, Парагвај, Венецуела, Никарагва, Костарика, Канада, Ангола, Тунис, Намибија, Уганда, Мозамбик, Маурициус, Замбија, Руанда, Етиопија, Мароко, Алжир, Египет.

Еуроњус потсетува дека кога упатствата на ЕУ беа објавени пред две недели, официјалните претставници рекоа дека на списокот ќе се земе предвид стапката на инфекција во земјите и дека критериумите се засновале на епидемиолошки податоци. Во тоа време, имаше 47 земји на списокот на прифатливи и 54 на списокот на забранети.

Според изворите на „Еуроњуз“, 54 земји вчера биле на списокот со квалификувани во Брисел, па јасно е дека овие бројки ќе продолжат да се менуваат.

Граѓаните на Велика Британија ќе продолжат да се третираат на ист начин како и граѓаните на ЕУ, т.е. до крајот на преодниот рок на Брексит (31 декември 2020 година).