Македонското дуо Cyrillic има нов супер летен хит
“Break My Heart” е насловот на новиот сингл на македонската ЕДМ атракција „Cyrillic“ која од неодамна е ексклузивец на „Скај Ај Ентертејмент“. Се работи за модерна денс трака со моќни поп вокали во која суптилно е вградено, а истовремено силно изразено влијанието на источно европската сцена.
Синглот е веќе достапен на сите светски дигитални музички платформи. Песната доаѓа во пакет со лирик видео кое ја визуелизира целата нејзина енергија, но и енергијата која Cyrillic ја шират на секој нивен настап. Лирик видеото е веќе онлајн и можете да го погледнете на нивниот YouTube канал.
Со повеќе од 70 настапи низ клубовите и фестивалите ширум Македонија во последните шест
месеци, електронското дуо во моментов е едно од најбараните клубски имиња во зејмата. Само
пред една недела дуото ја загреваше атмосферата пред светскиот супер стар диџеј Robin Shulz на
годинешното издание на "Ohrid Calling", а беа хедлајнери на последната вечер на еден од
најголемите фестивали на пивото на Балканот, прилепскиот „Пиво Фест“.
За Cyrillic
Електронското дуо Cyrillic го сочинуваат браќата Андреј (26) и Бојан (28) Иваноски. Како диџеи и
продуценти се активни од 2014 година кога започнаа со издавање на ремикси за популарни
македонски песни со кои го привлекоа вниманието на публиката. До сега имаат издадено повеќе
синглови како и неколку ремиксови за други артисти.
Cyrillic се уште познати по нивниот уникатен
енергетичен лајф перформанс кој бувкално прави целата публика да игра со нив.