Makeover by Revlon Professional Vol.01

Добивај вести на Viber

Женски магазин, тимот на Revlon Professional и фризерското студио Cool Cut и овозможија на една девојка прекрасно пролетно разубавување. 

Константина Сотирова Петковски доби целосен третман на нејзината коса од нашиот тим на професионалци кои одлично си ја завршија својата работа.

Специјалниот “spa hair treatment” на Revlon Professional, кој Константина го доби вклучува неколку постапки за разубавување и целосно обновување на нејзината оштетена коса. 

Првиот чекор е третман со Keratin Filer (фаза 1 - 15 мин) кој со неговата формула ја подобрува еластичноста на косата и сјајот, правејќи ја полесна за обликување, а истовремено не ја отежнува.

Вториот чекор е интензивна нега со масло за длабинско чистење и обновување на структурата на влакното, кој ја прави косата свиленкаста на допир. 


И третиот чекор е маска за обновување на косата (5 мин) со специјална формула која и дава посебен волумен и сјај.

Константина освен третманот на коса со производите на Revlon Professional, доби нијансирање и корекција на изгледот на нејзината коса и стилизирање од рацете на искусниот Пеце од студиото “Cool Cut” кое резултираше со комплетно нов пролетен изглед. Коренот е тониран со полуперманентни бои, кои се без амонијак Young Color 1002 = 30 g + Pure Colors 0.12=5 g со 1.8(ultra soft energizer) % 70 ml, со цел да се неутрализираат жолтите и портокаловите тонови и да се добие убава топло бисерна боја.

Марија се погрижи за  Make up look, во нежно природен стил, кој совршено прилегаше на лицето на Константина. 

Задоволното лице на нашата избраничка зборуваше за успешно завршената мисија. 

“Презадоволна сум и пресреќна со изгледот на мојата коса. Никогаш не изгледала посјајно од сега! Му благодарам на тимот за оваа позитивна промена.” - вели Константина.