Makeover by Revlon Professional Vol.02
Женски магазин, тимот на Revlon Professional и фризерското студио Cool Cut ѝ овозможија на една девојка прекрасен третман и промена на нејзината коса.
Мартина Кавазова доби целосна промена на нејзиниот стајлинг од нашиот тим на професионалци кои одлично си ја завршија својата работа.
Најнапред искусниот Пеце ја скрати косата 10 cm, за да го отстрани дехидрираниот и расцветан дел.
Направивме припрема за боење (balayage) со цел да добиеме бежови и златно-медови модерни тонови.
1.Blonder - за осветлување до 7 тона со 6 % хидроген.
2.Боја(Revlonisimo) -10,23 х 9%
3.Боја(Revlonisimo) - 8.32 x9%
Откако ги отстанивме фолиите и ја одмивме смесата со вода, го тониравме коренот со Yang Color со 6.01x1,8% Ultra Soft Energizer и останатиот дел од должината со Yang Color 1002 +7.24 x1,8 Ultra Soft Energizer(20 мин).
Потоа ја потстрижавме косата и додадовме на коренот ампула за волумен Densy Pro свежа припрема со Витамин Ц и за на крај ја обликувавме со благо извиткување на косата.
Александра се погрижи за Make up look, кој прекрасно прилегаше на лицето на Мартина.
Уште една одлично завршена работа на целиот тим! Со тоа се согласи и нашата избраничка која среќна ја прифати целата промена на нејзниот стајлинг!
“Одлична промена! Многу ми се допаѓа! Мојата коса сега има посвеж и нежен изглед! Му благодарам на целиот тим за оваа убава промена!” - вели Мартина.