Makeover by Revlon Professional Vol.03
Во новото vol.03 на Makeover powered by Revlon Professional, Женски магазин, тимот на Revlon Professional и фризерското студио Cool Cut ѝ овозможија на уште една девојка одлична промена на нејзиниот стајлинг, како и целосно освежување на косата.
Даница Каратaшoва доби освежувачка промена на нејзината коса од нашиот тим на професионалци кои одлично си ја завршија својата работа.
Професионалниот Пеце од Cool Cut започна со благо осветлување на косата и отварање на влакното со купка со бланш ниво 7 и 3% хидроген + shampoo cleanser на Revlon Professional, како и неколку капки anti porosity milk за изедначување на порозноста на влакното.
Потоа го обоивме коренот со полуперманентна боја 8.12 + 9.12 =35 грама без амонијак Yang Color со 4,5 Plus energizer 70мл. Еден прамен во предниот дел го обоивме со Nutry Color Crem 600 x 3 грама + 10 грама White, додека останатиот - према средниот дел на косата го обоивме со 1002 x 1.8 soft.
За да добиеме сензационален изглед, на крај врвовите ги обоивме со (Pink) Nutry Color Creme 005 1:5 white.
Александра се погрижи за Make up look, кој прекрасно прилегаше на лицето на Даница.
Секоја чест на Пеце за целата креативност што ја внесе во овој Makeover powered by Revlon Professional процес! Уште едно фантастично дело и одлично завршена работа на целиот тим!
Нашата избраничка беше задоволна и среќна ја прифати целата промена на нејзниот стајлинг!
“Многу сум среќна и благодарна за промената за ова лето. Ми се допаѓа оваа свежа боја!” - вели Даница.