МАЛАТА АЛИС ПОЧИНА НА ЛИЦЕ МЕСТО ПО КРВОЛОЧЕН НАПАД ОД КУЧЕ: Соседите стaваат играчки и цвеќиња во дворот

Фото:  Joe Giddens / PA Images / Profimedia

Четиригодишно девојче од Велика Британија починало откако било нападнато од куче. Полицијата била повикана во Милтон Кејнс вчера попладне по дојавите за куче кое нападнало дете во задниот двор од една куќа. Девојчето починало веднаш на лице место, а кучето било успиено, пренесува Sky News.

„Ова е апсолутно трагичен инцидент каде што веруваме дека едно дете е убиено откако било нападнато од куче. Ова е почетната фаза на истрагата и сакаме да ги увериме луѓето дека во овој момент нема опасност за пошироката јавност“, рече Шефот Мет Буливант.

Соседите го слушнале очајниот плач на мајката, а животното го опишуваат како „големо кафено куче“ кое семејството го има од пред неколку недели. Тој рече дека „го виделе само во куќата“. Сведочат и дека ги слушналеочајничните врисоци на мајката откако нејзината ќерка беше убиена од кучето, додека други рекоа дека семејството го купило миленикот пред околу шест недели. Повеќе на Фактор.мк