Малиот Арчи има црвена коса како принцот Хари!

Воводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, во мај станаа родители на момчето Арчи. Целиот свет се прашуваше како бебето изгледа и дали ќе биде црвенокос како неговиот татко. Како што пренесува HER., изгледа дека малиот има црвена коса. Информацијата на медиумот ја откри извор близок на парот, а јавноста нетрпеливо очекува фотографии од детето.

Истиот неименуван извор вели дека Арчи е едно многу весело бебе:

„Тој е среќно бебе. Има преслатки буцкасти нозе и прамени црвенкаста коса. Навистина е пресладок!“.


Фановите се „растопија“ од овие информации и тоа веднаш откако беа огорчени на парот, бидејќи со приватен лет заминаа на одмор. Хари и Меган отпатуваа на Ибица со приватен лет, а луѓето им замеруваат бидејќи, наводно, таквите летови повеќе ја загадуваат околината отколку комерцијалните летови, пишува Cosmopolitan.

Како изгледа момчето, не знаеме, но ни останува само да го следиме неговото растење и самите да видиме.