Мама работи - зошто не седи да ги чува децата, мама седи дома - срамота!
Ви пренесуваме една објава која некое време се шири на социјалните мрежи, а многу мајки се пронајдоа во истата:
"Мама работи - зошто не седи да ги чува децата ?!
Тато работи - браво за човекот ја чува фамилијата !
Мама седи дома - срамота, што прави по цел ден дома, нека одат во градинка ?!
Тато седи дома - се жртвува човекот за децата, земал породилно место неа !
Мама оди на кафе - оти одиш сама, земи ги со тебе и децата ?!
Тато оди на кафе - нека го човекот нека се одмори малку на муабет, цел ден работи !
Мама упишала тренинг - лелелел жити Бога на вие години ли ти треба тоа, место децата да ги гледаш ти себична си ?!
Тато упишал тренинг - Алал да ти е човек како наоѓаш време за се !! (Мама ги чува)
Мама си купила за дома постелнини - еллеле само трошиш за глупости !
Тато си купил нешто алати - Ако човек браво ,ќе ти притребаат сигурно!!
Мама чита, купува книги - луксуз !
Тато купува дрон за некад - тууу јака ствар браво !!!
Мама пакува за на одмор и мисли до последна ситница за секој - си заборавила конец за заби ?!
Тато пакува само пасош и полначи - лелел ама си снаодлив човек !!
Мама готви, чисти, пере,чува деца, води бизнис, носи во градинка, ги враќа, ручек, организација на настани, вечери за фамилијата, родендени, пишува домашни, носи по лекари, образова, учи улична школа да се штитат, игра фудбал, носи на ушка деца, објаснува и одговара на секое детско прашање, мама во игротека не седи со родителите,седи кај децата, пие кафе стоејќи цел ден, јаде брзински, спие малку скоро ич, изгледа како зомби, дише по потреба ...
Је*** ти рамноправност !!!
Је*** ти понежен пол !!
- Понежен мало сутра !!! Не ми го гази трпението, не ми ја потценувај силата, не ме игнорирај и ставај поназад од себе !!
Је*** ти мушки" јачи " пол, ако не знаеш кај ти се маиците и чорапите !!! “