Мамо морам ли пак да ја носам оваа маска: Скопје е најзагаден главен град во Европа

Добивај вести на Viber

-Мама, зошто треба да го носам ова повторно? Ме боли устата - вели Норик (5), на неговата мајка, Игбал, пред да стави малечката маска против загадување на воздухот на лицето.

Игбал Ферати, специјалист за финансии, вообичаено оди во локална градинка секој работен ден со Норик по улиците на центарот на Скопје, град кој често се соочува со опасни нивоа на загадување на воздухот.

-Јас навистина се плашам за здравјето на моето дете и секогаш ги проверувам нивоата на загадување на мојот телефон преку апликацијата „Мој воздух“ пред да излезам надвор. Особено во зима кога загадувањето на воздухот се влошува, не можам да дозволам Норик да излезе, и знам некои родители кои дури и не им дозволуваат на своите деца да одат на училиште во одредени денови, за да не бидат изложени на загадувањето на воздухот. Ние сме заклучени во нашите куќи со прочистувачи на воздух надевајќи се дека ова нема да влијае на здравјето на нашите деца во годините што доаѓаат - раскажува Игбал.

„ Ние сме принудени да им кажуваме на децата дека се суперхерои за да ги стават маските. Премногу е тешко и тажно да се објасни оваа ситуација на детето. "

Скопје, град со повеќе од половина милион луѓе, кој се наоѓа во центарот на Балканскиот полуостров во јужна Европа, беше ставен на листата на Светската здравствена организација (СЗО) меѓу градовите во Европа со најголема концентрација на штетни PM 2.5 во воздухот.

Честичките 2.5 вклучуваат различни компоненти како што се нитрати, сулфати, органски хемикалии, метали, прашина и црн јаглерод, кои претставуваат ризик за здравјето на луѓето. Поради нивната мала големина, тие продираат во белите дробови и предизвикуваат срцеви, бело дробони и други болести.

Во однос на средните концентрации на PM 10 и PM 2.5, Базата на податоци за загадување на амбиентниот воздух на Светската здравствена организација за 2018-та година го рангира Скопје како најзагадениот главен град во Европа.


Целото истражување прочитајте го ТУКА

Фото: Bussines Today