Манекенката 6 дена после породувањето сподели фотографија од своето тело во мини бикини: Многумина се прашуваат дали ова е можно

Добивај вести на Viber

Манекенката Кендал Шулер, на јавноста најпозната по тоа што во 2011 година се забавуваше со холивудскиот шармер Леонардо ди Каприо, неодамна сподели фотографија на која позира со својата новородена ќерка само неколку дена по породувањето.

Атрактивната 32-годишна девојка беше фатена на сликата како нежно го држи своето девојче во раце, но луѓето беа прилично изненадени од фактот дека Кендал веќе скокнала во минијатурно црно бикини.

„Шести ден со Фридер Фалон“, напиша оваа мајка покрај фотографијата, нагласувајќи дека всушност не поминала ниту една недела од нејзиното породување.

Убавата русокоса доби бурни и поделени реакции на социјалните мрежи - додека некои беа воодушевени од нејзината фигура и рамниот стомак, иако пред само неколку дена роди бебе, други беа прилично изненадени, па дури и изнервирани од фактот што таа е затегната до таа мерка.

View this post on Instagram

A post shared by Kendal Lee Schuler (@kendalleeschuler)



Меѓутоа, бидејќи манекенката е природно слаба и немала истакнат стомак дури и за време на бременоста, ова можеби не е изненадувачки.

View this post on Instagram

A post shared by Kendal Lee Schuler (@kendalleeschuler)



Потсетуваме дека таа веќе има едно дете - во 2017 година имаше син во врска со Џејкоб Педран, додека татко на нејзината ќерка е австралискиот копирајтер и хонорарец Зандер Вилимент.



ФОТО: Инстаграм