Манекенката Емили Ратајковски стана мајка: Мојот син сам ќе одлучи дали е момче или девојче

Светски познатата манекенка и актерка Емили Ратајковски стана мајка.

На 8 март нејзиниот сопруг Себастијан Бер Меклард стана горд родител на синот на Силвестер Аполо Бер.

Емили се огласи на Инстаграм на 11 март и објави фотографија со нејзиниот син.

- Ни се придружи Силвестер Аполо Бер. Тој дојде на оваа планета на 8 март. Најубавото утро во мојот живот е полно со љубов - напиша актерката.

Емили Ратајковски привлече големо внимание минатата година по интервјуто за магазинот Вог, во кое откри дека не сака да врши притисок врз полот на нејзиниот син, но ќе го воспита да ја преземе родовата улога што ја посакува - момче, или девојче или што и да посака.

- Не сакам да го форсирам детето врз основа на полот, бебето треба да се остави на мир. Јас ќе бидам родител кој ќе му дозволи на своето дете да биде што сака да биде. Сакам да го избере своето место на ова планета. Не сакам да биде под притисок на општеството што ќе му каже кој е неговиот пол пред да прозбори - рече Емили.


Фото: Инстаграм-Емили Ратајковски
Може да ве интересира: