Манекенката Тамара Чуприна во кожна јакна демонстрира мода низ улиците на Италија (ФОТО)
Речиси ниту една есен не може да помине без добра кожна јакна која можеме да ја комбинираме апсолутно со се и да ја носиме речиси во сите прилики.
Во добра кожна јакна секогаш вреди да се инвестира.
Големите кожни јакни се во тренд оваа есен, исто како и изминатите години, а деновиве од Италија како се носи и комбинира ова модно парче ни демонстрира манекенката Тамара Чуприна.
Понежната половина на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, е прилично активна на социјалната мрежа Инстаграм, па преку фотографиите кои ги споделува и открива каде е, повторно нѐ инспирира во модата.
Тамара многу брзо по породувањето се врати во одлична форма, и признаваме дека изгледа навистина одлично со оглед на тоа дека е млада мајка.
Погледнете како таа шета и од Италија ни праќа модни инспирации.
А неодамна, Тамара беше и во Дубаи. Таму заедно со синот Ведран се искачи на највисоката зграда Бурџ Калифа.