Marcel ќе ја забрза трансформацијата на Публицис групацијата од холдинг компанија во деловна платформа од 80,000 вработени
Воведување на платформата Марсел (AI) претставува храбра амбиција на Publicis Groupe која носи значајни деловни предизвици, особено во делот на собирањето податоци. Со повеќе од 80.000 вработени, од 1200 агенции, 4000 клиенти се опфаќаат повеќе од 5 билиони податоци кои сега преку Marcel AI овозможуваат илјадници вработени да се поврзат и да работат на заеднички проект.
Со цел да ја искористи вредноста на овие податоци, Публицис Групацијата ја создаде Платформата Marcel AI изградена на Microsoft AI и Knowledge Graph технологиите. Ги поврзува структурираните и неструктурираните податоци што постојат во организацијата, а потоа ги поврзува односите во неа. Marcel AI е централизиран, интегриран извор на податоци кој ќе овозможи поврзување и заедничја работа на различни проекти. Ќе ги користи софистицираните AI алатки на Microsoft за процесирање, филтрирање, поврзување и организирање на податоците овозможувајќи многу бенефити за вработените.
Marcel AI е централизиран, интегриран извор на податоци кој ќе овозможи поврзување и заедничја работа на различни проекти. Ќе ги користи софистицираните AI алатки на Microsoft за процесирање, филтрирање, поврзување и организирање на податоците овозможувајќи многу бенефити за вработените.
На официјалната промоција на саемот Viva Technology во Париз, Артур Садоун (Arthur Sadoun), Претседател на управниот одбор и Извршен директор на Публицис групацијата, изјави:"Во јуни минатата година Публицис групацијата го најави креирањето на платформата Marcel, со цел да поврзе 80,000 вработени, очекувајќи радикално да се промени начинот на кој тимовите и клиентите на групацијата ќе се поврзуваат, ќе комуницираат и ќе работат заедно.Оттогаш, нашата индустрија помина низ невидени предизвици.
Денес, ние со Marcel ги кршиме бариерите меѓу талентот и можностите. Marcel е патување кое треба да ја пренесе Публицис групацијата од холдинг-компанија во платформа, и да им овозможи на креативните умови слобода да напредуваат во оваа постојано менлива индустрија
Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашите вработени. Во Publicis, ние ги ставиме вработените во преден план, овозможувајќи им можност да учат, да споделуваат и да создаваат повеќе од каде било.
Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашите клиенти. Тие ќе можат да ги искористат нашите неверојатни разновидни таленти за да ги оживеат идеите што им се потребни за да го развијат својот бизнис.
И, се разбира, Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашата индустрија. Ние ќе бидеме силата која ќе носи позитивни промени. Одлуката за поврзување на развојот на Марсел со нашата едногодишна пауза на учество на фестивали беше контроверзна, но неопходна. Со тоа покажавме решеност да направиме промени во нашата индустријата, која веќе 40 години се бори со промените.
Во свет каде што луѓето повеќе не сакаат да работат за компаниите и наместо тоа очекуваат компаниите да работат за нив, Marcel е првата платформа дизајнирана на првичните бенефиции и искуства на вработените. Во неговата суштина, Marcel овозможува зајакнување на капацитетите на секој вработен со моќта од 80.000 вработени“
“ВИ (AI) е една од најтрансформативните технологии на нашето време, но нејзината вистинска моќ лежи во тоа како може да се примени со цел да се засили човечката генијалност. И тоа е убавината на Marcel,” велиСатја Надела(SatyaNadella),Извршниот директор на Мајкрософт. “Ние во Мајкрософт, веруваме дека не е само дека луѓето работат за компаниите – туку дека компаниите треба да работат за своите вработени. Marcel го овозможува ова верување. Тоа е она што ја прави оваа соработка толку лесна и природна.”
Publicis One Македонија во своите операции во Македонија обединува широка палета на маркетинг експертизи и ресурси: од стратегиско планирање, бренд консалтинг, кретивни комуникaциски решенија, медиумско планирање и консултирање, дигитални стратегии, медиумскии и технолошки решенија, до односи со јавност и менаџмент на настани. На пазарот во Македонијае присутна од 1996 година преку креативните агенции Публицис и Сачи&Сачи (Saatchi & Saatchi), и медиумските агенции Зенит иСтарком