Марија Станојкова: Доста беше отворање на врати со партиски книшки и длабок џеб

Училиштата се затворени, вклучувајќи ги и сите настани кои се одржуваат во нив. Онлајн наставата е во полн ек, а учениците, професорите и родителите полека се привикнуваат на овој нов момент.

Целата оваа ситуација не го спречи ораторскиот клуб на СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“, „Гарда на мудроста“ да ја откаже својата традиционална ораторска вечер. Оваа година таа го прослави своето полнолетсво и истата се одржа по електронски пат.

Учениците се натпреваруваа со своите аудио говори, а истите беа пратени до комислијата составена од членови на Клубот на оратори на Правниот факултет. Досега ви ги претставивме првонаградените говорите на Бисера ШегмановиќАнгела Петровска и Теона Илиевска, а сега ви претставуваме уште еден говор.

Доста беше отворање на врати со партиски книшки и длабок џеб. Да не дозволиме повеќе да бидеме шупливи ѕидови. Одбивам да бидам шупливиот дел од овој хотел, сакам да бидам стабилна потпора на нов хотел. Ајде и Вие заедно со мене и да не дозволиме повеќе ова да биде вака. Затоа што живот не е театарска претстава во која  што играат другите. Животот е само наш, а правилата на играта? Правилата на играта  ги поставуваме, токму ние.“ - ова е дел од говорот на Марија Станојкова, која е 4-та година и оваа година треба да матурира, а целиот нејзин говор може да го прочитате на Хаштаг.мк.