Марјана Станојковска ги изненади сите: Запеа на Охридски Трубадури со Владо Калембер

Атрактивната лото девојка, Марјана Станојковска ги изненади своите следбеници, но и целата јавност.

Убавата Марјана и годинава беше водителка на Фестивалот „Охридски Трубадури“, но овојпат таа ги изненади сите, кога запеа со Владо Калембер. Публиката не го очекуваше тоа, а според аплаузот очигледно им се допадна.


„Голема чест ми беше што на интернационалната вечер од Охрид Фест -Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме негов познат хит од 1984 “Ciao Amore” инаку дует со Изолда Баруџија кој премиерно беше изведен во Универзалната Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија, а како победничка нумера за таа година подоцна и претставник на Југославија на Евросонг во Луксембург“, напиша лото девојката под видеото на кое таа пее со Владо.




„Низ ноти испишавме уште една фестивалска вечер за паметење!“, им се заблагодари атрактивната водителка на организаторите за прекрасниот фестивал и укажаната доверба уште еднаш да биде домаќин.



Фото и Видео: Марјана Станојковска/ Владо Калембер