Близнаците научија да скијат, Маркијан ги пазеше: Ребека семејно на зимување

Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески вели дека оваа зима, за прв пат по пет години се качила на скии. Ребека со семејството беше на мини-одмор во Маврово, а претходно со сопругот и со близнаците Макариј и Доротеј во Пампорово.

Маркијан многу сака да се вози на жичарница.- Ребека со синот 

„ И годинава бевме на два пати на скијање, затоа што поради обврските со сите три деца, не е возможно да одиме сите петмина, сами. Прво бевме Милан и јас со близнаците во Пампорово, а потоа сите заедно, во Маврово. Кога одиме со сите три деца, поради вниманието и грижата кои Маркијан ги бара, со нас оди една од бабите“, ни раскажа Ребека. Таа вели дека Маркијан, кој во ноември лани наполни 12 години многу се радувал што неговите браќа, пет ипол годишните близнаци научиле да скијаат.

„ Многу се грижеше за нив. Постојано внимаваше да не паднат, да не се повредат. Мама, види ги како скијаат. „Внимавај, внимавај, постојано повторуваше. Многу е заштитнички настроен кон браќата. Маркијан не може да скија но уживаше возејќи се на жичарницата, многу се радуваше“, додаде пејачката. 

Макариј на скии 

За себе си, Ребека вели дека е пресреќна што повторно имала време да му се посвети на својот омилен спорт. „Не можев никако последниве пет години да застанам на скии, трчајќи по децата. Но, тоа е како возење велосипед, не се заборава“, ни раскажа Ребека. 

Доротеј 

Болеста на синот, туберна склероза ја инспирираше Ребека да го основа здружнието за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“. Таа е гореда на последниот нивен проект, донација на пакети за деца во социјален ризик, кои ги пакувале и ги подариле деца од Германија по принципот од дете за дете, во соработка со здружението „Добриот Самарјанин“. 

М.Џаровска