МАРКО Е БОЛЕН

Добивај вести на Viber

  Марко влезе во бањата. По кусо време излезе. Едвај се држеше на нозе, лицето бледо, бели усни и без да каже видов дека не му е добро. Притрчав кон него. Легна на спалната. Ги видов таблетите за глава кои беа на масата и му ги дадов. Му исцедив лимон в чаша и со вода и со шеќер му дадов да го испие. Тој само ми рече: „Ќе ми помине, да полежам малку. Ми пречи светлото“. Изгаснав светло.

  Се двоумев дали да почекам или веднаш да повикам итна помош. Решив да почекам некое време и да повикам итна помош. Седнав во дневната. Ова, не му е првпат на Марко. Во последно време има главоболки, не е заинтересиран, но не кажува ништо. Сварив кафе и го пиев полека. Веќе до допивав кафето кога Марко стана. Беше весел и како ништо да не се случило ми кажа: „Еве сум и ми е подобро. Одам да се туширам и ќе пиеме кафе“.

  Го гледав сомнително. Знам дека сакаше да ме смири, но веќе бев доволно в шок и толку исплашена за да му верувам. Му реков отсечно: „Не, ќе одиме на лекар!“ Марко ме убедуваше дека не му е ништо, дека му е од премореност и дека утре наутро ќе биде свеж. За да ме обесхрабри ми кажа: „Утре е недела, нема доктори само дежурни за итни случаи. А во понеделник ветувам дека ќе одиме заедно на лекар“. Конечно попушти пред мојот молежлив и вознемирен поглед.

  Климнав со главата велејќи: „В ред, ајде в понеделник“. Иако така реков, срцето ми трепереше. Можеби и не му е ништо, преморен е, но во мојата смирена душа се всели „црв“ и почна да ме гризе. Не сакав мојата мирна оаза да ја нарушува некој или нешто, а болест најмалку.

  Си легнавме да спиеме. Мирна, тивка ноќ, но не можев да спијам. Лежев и размислував дека ова што го видов денес не личеше на обична главоболка. Миг подоцна се убедував дека не му е ништо, а црвот што се обидуваше да се смести сакав да исчезне од мојот живот. Му се обраќав на „црвот“ сериозно и борбено во себе: „Aх, ти малечок злоствор, ќе те уништам“.

  Го гушкав Марко, кој спиеше немирно и се превртуваше. Едно време, се смири, ме прегрна цврсто и продолжи да спие. Длабоко во ноќта сум заспала. Под неговиот силен стисок ги отворив очите, станав и погледнав низ прозор.

  Раскрилените бели облаци го означуваа почетокот на новиот ден, кој на крилјата од облаците ги носеше идните настани, кои, сакале или не, некогаш му го менуваат животот на поединци. Доволен е само еден мал миг и ќе му го смени животниот пат на човекот. Всушност, животот е енигма. Колку луѓе утре ќе доживеат убави настани, а колку ќе доживеат лоши настани? Одговорот веројатно лежи во белилото на раскрилените облаци.

  Легнав сосема нечујно. Но, Марко осети и ме фати за рацете околу половината, ме повлече силно крај него. Инстинктивно се држев до него, гушкајќи го со рацете и со нозете како октопод, триејќи ги моите гради од неговите мускулести гради. Се досетив дека најдобро беше да маневрирам и да ја угасам неговата сексуална жед. Одев надолу со главата и под моите усни го почувствував врвот на неговиот сладок „орган“ и вешто почнав да ги лижам неговите јајца.

  Но, тој сакаше да учествува во љубовната игра и ме заврти од страна, ми ја подигна едната нога и ми „влезе“ одзади. Кога го „примив“, пријатни пецкања почнаа да ми минуваат низ моето тело и моите брадавици се затегнуваа како во собата наеднаш да почна да струи ладен воздух. Двајцата имавме желба нашите тела да се спојат, да го доживееме заедно задоволството. Секоја игра беше нова, секој ритам, секое нишање на телото не возбудуваше и двајцата. Нашите испреплетени тела ги фати грч и двајцата ја исполнивме својата страст, својот копнеж, својата похота.

  Не сакав да се заморува повеќе. Му реков дека многу ми се спие, дека сум изморена и дека е доволно. Целта ми беше тој да се одмори. Утрото нè разбудија сончевите зраци, кои ги галеа нашите лица и нашите тела. Кога ги отворив очите, веднаш станав, не сакав пак да се заморува Марко бидејќи двајцата бевме секогаш расположени да се гушкаме, да се милуваме и да водиме љубов.

  Во меѓувреме, се јави Весна и ми кажа да отидеме во станот затоа што работите биле при крај и за кусо време ќе се вселуваме, ќе дојделе мајсторите да ги местат елементите во бањата и да видиме да ги постават како што ни одговара. Отидовме и се договоривме. Откако ги наместија елементите на ручек во блиското ресторанче. Весна сакаше да разговара со Марко за неговата здравствена состојба.

  Таа го започна разговорот. Му кажуваше на Марко за Боро дека нема подобрување, дека уште не проодел, дека правел терапија но не му делувала. Но, овие неколкупати кога ѝ се јавувал, бил поведар и оптимистички се држел.

  Потоа, таа премина на здравствената состојба на Марко. Тој се правдаше дека неколкупати му се слошило, најверојатно од истоштеност, но Весна му рече дека мора да направи неколку тестови поради него. Може да е исцрпеност, но, сепак, треба да се провери. Му кажа да ги извести и неговите родители бидејќи Марко криеше од нив. По долгиот разговор, Марко се согласи попладне кога ќе дојдат да разговара со нив и утре да оди на лекар. Се разделивме со Марко и вечерта отидовме дома.

  Вечерта ми се јави Марко. На родителите кога се вратиле, им кажал за главоболките. Тие, нормално, како сите родители, кои се грижат за децата, го искарале затоа што криел и им ветил дека утредента со мене заедно ќе одиме на лекар.

  Утрото станав, не отидов на работа и му ѕвонев на Марко. Тој се подготвуваше да оди на работа и не сакаше да оди на лекар. Инсистирав и дури му се заканив дека ќе се разделам од него ако не одиме на лекар. На крај попушти. Отидовме кај неговиот доктор. Кога Марко му ги опиша симптомите, веднаш му кажа да се направат испитувања и му даде упат за лабораторија, упат за рендген и упат за уво, нос и грло. Сите испитувања ги направи истиот ден. За два-три дена ќе има комплетни резултати. Остана да чекаме.

АНОНИМНА