Мартинијан Кириловски победник на „Макфест 2019“

Добивај вести на Viber

Мартинијан Кириловски со песната „ Сто пати на ден “ е победник на 34.тото издание на фестивалот „Макфест“, кое што се оддржа во Центарот за култура Ацо Шопов во Штип. Второто место им припадна на Александар Митевски и Драган Спасов Дац за песната „Уште ми шалиш“, додека третото им припадна на групата Фрајле, од соседна Србија за композицијата „ Не и признавај“.

Наградата за најдобар аранжман ја доби пејачката Лара со композицијата „Твоите очи лажат“.

Најдобар сценски настап ја доби компизицијата „Возбуда и љубов“ во интерпретација на Мартија Станојковиќ.

Најдобра вокална интерпретација ја доби Росана Сариќ Тодоровска, со песната „Спомени“.

Наградата за најдобар дебитант ја доби струмичанката Славица Ангелова со композицијата „Љубовта не боли“.

Тимот за првото место на „Макфест“ беше награден со 5.000 евра. Вториот со 3.000 евра, додека тимот за третото место беше награден со 1.000 евра.