Масажа и јога за долг и среќен живот: Приказна за женскиот тим физиотерапевти од „Синерџи фитнес и спа“

Студиото „Синерџи фитнес и спа “ постои веќе 4 години, и интересно е што женски тим на физиотерапевти се грижи за здравјето на клиентите. За нивната работа и за тоа колку клиентите се грижат за свето здравје, рзговаравме со четири дами: Надица Ристова, Марија Џингова, Симона Накова и Ана Поповска. 

„ Гoрди сме на бројните клиенти кои не посетуваат секојдневно, а таа бројка се зголемува од ден на ден. Работиме на тоа да одржиме некое ниво со кое ќе се разликуваме од другите, да донесеме иновации за да го задржиме вниманието на старите клиенти и се стремиме да придобиеме нови се разбира. Од првиот момент од кога е отворен центарот нудиме масажи, а со оглед на тоа дека имаме поголема побарувачка од клиентите тимот на физиотерапевти се зголемува, некој од нас се од самиот полеток на функционирање на центарот, а потоа се придружија и нови кои донесоа нова енергија“, вели Надица Ристова. 

Ристова додава дека тимот нуди широка лепеза на третмани кои ги работи во зависност од потребите на нивните клиенти. Најчесто барани се спортска, медицинска и релакс масажа, а тука се лимфна и антицелулитна масажа.

„ Со оглед на тоа дека работиме со спортисти, идејата ни е да можеме да одговориме на секое нивно барање ако станува збор за повреда. Покрај масажите користиме некои од третманите за намалување на болката и подобрување на фунционалноста со лепење на кинезио тејп, акупунктура и акупресура во екстремни ситуации и киропрактика. И table thai yoga за напоредно да влијаеме на физичкиот и психичкиот дел“, раскажа Ристова. 

Нејзината колешка, Марија Џингова вели дека како женски тим, тие функционираат одлично. “Со тек на времето формиравме семејство на некој начин и се трудиме да си ја дадеме максималната подршка една на друга. Работата ни е динамична и се случува понекогаш да не стигнеме ниту да се сретнеме една со друга во смена, но не и да не поразговараме за анамнезите на нашите клиенти и индивидуалниот напредок кај нив“, ни рече Марија. 

На прашањето, дали нивната професија која е условно речено машка, е тешка за жена, Џингова вели: „ Кога ќе одбереш да работиш нешто што навистина го сакаш, не може да е тешко. Но, дека работата е многу напорна е вистина. Не би рекла дека постои машка-женска работа, сепак 21 век сме и се трудиме да ја срушиме таа стигма“. 

Здравата исхрана, редовната физичка активност и се разбира масажите се најважни за квалитетниот начин на живот, според Симона Накова. 


„ Тоа е најдобар начин да се подготвиме за долг и среќен живот. Низ телото проаѓаат меридијани или канали низ кои тече животната енергија. Болеста претставува пореметување или блокада на таа енергија. Со стимулација на акупунктурните точки на цело тело и тие енергетски канали допринесуваме до ослободување на енергиската блокада и ги ублажуваме симптомите на на болеста. Препорачуваме да се користат бенфитите од масажата за елиминација на стрес, подобрување на психичкото здравје, држењето на телото ,убрзување на циркулацијата (во случај на задржуавање на течност, ладни раце и стапала), подобрување на имунолошкиот систем,намалување на болката кај хронични заболувања па дури и постоперативно закрепнување“, вели Накова. 

Во текот на годините голем број на клиенти прошле низ рацете на овие дами, без оглед на тоа дали природата на посетите била медицинска, корективна или естетска. Успеси велат дека имале безброј, а незадоволни клиенти не паметат дека имале, без разлика дали тоа се должи на нивната експертиза или фактот што сме суште на почетокот на нивните кариери. 

„ Од медицинските случаи би го издвоила сериозниот случај на клиентот М.М. кој пројде низ успешна трансформација од целосна атрофија на мускулите на рамениот појас поради имобилизација и трансплантација на коскено ткиво во рамениот зглоб од клучната коска и оцена 2 на мускулниот мануелен тест, до оцена 5 односно самостојно движење дури и при совладување на потежок отпор. Од естетски пак би издвоила  неколку  дами кај коишто со 2-3 пакети од антицелулитни  масажи успеавме да изгубиме неколку сантиметри во обемот на колковите и стомакот“, ни раскажа Симона Накова. 

Според Ана Поповска, масажите, вежбањето и јогата кај нас не се тренд. 

„ Не би рекла дека се тренд, затоа што и јогата и вежбањето или активниот начин на живот се на врвот на својата актуелизација во последниве неколку децении, а конкретно масажите дури векови назад. Превземањето на контролата врз својата здравствена состојба или е нешто на кое секој од нас ќе подлегне евентуално,а она што сите овие активности го пропагираат е тоа биде превентивна практика на истите. Масажите со својата широка сфера на делување и јогата со благотворното делување на човечкото тело,ум и дух се добитна комбинација за додведување на истите во одлична генерална добросостојба. Сето ова од гореведеното го нудиме како услуга во „Синерџи фитнес и спа“ центарот, па оставам на читателите да одберат која од овие комбинации ќе ја одберат како своја опција, а доколу имаат потешкотии при тоа,можат слободно да се консултираат со нас“, завршува Ана. (М.Џ.)