Маска за бојадисана коса: Го враќа сјајот и спречува бледнеење на бојата, потребни ви се 2 состојки
Лесно е да се направи и резултатите се одлични
Поради бојадисувањето, косата станува сува, безживотна и без сјај. Покрај тоа, употребата на фен за коса, или пеглање дополнително ја уништува косата.
Кога косата е хидрирана, таа изгледа поубаво, но и бојата останува подолго. Наместо да трошите пари на купени маски, направете си домашен регенератор што длабоко ќе ја негува и ќе ѝ го врати „животот“. Најдовме рецепт за една, многу ефикасна маска.
Состојки:
2 лажици кокосово масло
1 јајце
Подготовка:
Во садот ставете ги кокосовото масло и јајцето и измешајте. Нанесете рамномерно на влажна или сува коса и оставете да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете.
Еве зошто оваа маска е толку добра за коса:
Јајцата се богат извор на витамини за коса, а најмногу А, Д и Е. Покрај витамини, имаат и протеини и масни киселини. Протеините се елемент на косата и маската со јајца ќе ја опорави косата што станала кршлива и сува. Масните киселини се одлични за сува коса бидејќи го враќаат сјајот на косата и ѝ помагаат да ја задржи влагата.
Предноста на кокосовото масло за сува коса лежи во лауринската киселина, која продира длабоко во косата, што е клучно за хидратација, обновување и отстранување на сувата коса.
извор:stil.kurir.rs