МАСОВНО ТРУЕЊЕ СО МЕСО НА СКАРА, ПОВЕЌЕТО СЕ ДЕЦА: Гостите се затруле на домашна слава

Дел од објектот на месарницата „Харизма“ во Прилеп кој е наменет за подготовка на производи од месо на скара е затворен со лента од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако надлежните се сомневаат дека токму од таму е месото на скара со кое се затруле гости на домашна слава.

12 пациенти, од повеќето се деца, кои побарале помош во прилепската болница се пожалиле на болки во стомакот и повраќање, по што биле итно третирани.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова, за Фактор посочува дека уште во тек на вчерасниот ден ДСЗИ заедно со инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог и техничари од Центарот за јавно здравје-Прилеп изврши вонреден инспекциски надзор во месарницата „Харизма“.


Деталите читајте ги на Фактор тука.