Маж и жена заедно изгубиле вкупно 190 килограми: После 7 години обидување, конечно добија бебе

Дастин Хол (37) ослабе скоро 140 килограми, а Ракел (34) изгуби 50 килограми

Гојазните маж и жена изгубиле вкупно 190 килограми со цел да можат да имаат дете по 7 години обидување.


Дастин и Ракел со години сакаа да станат родители, но секој обид беше неуспешен. Кога лекарите откриле дека слабеењето многу ќе им помогне, парот решил да стори сѐ што е во нивна моќ. Дастин успеа да изгуби дури 140 килограми, а неговата сопруга 50 килограми.

Ракел исто така страдала од синдром на полицистични јајници, состојба што им отежнува на жените да забременат.

Како успеаја да ослабат?

Во 2016 година, Дастин започна диета богата со протеини и малку јаглени хидрати.
Во првите две и пол години тој успеа да „падне“ од 215 кг на 98 кг, а Ракел од 133 кг на 82 кг.

Во април 2020 година, Ракел откри дека е бремена.

- Нашата тежина нѐ спречуваше да имаме деца многу години. Драго ми е што изгубив толку многу килограми, немаше да можам да бидам активен татко ако сè уште имав над двесте килограми. Бев навистина многу неодговорен, внесував околу 14.000 калории на ден. Постојано јадев брза храна и пиев неколку литри газиран сок секој ден - призна Дастин за „ДејлиСтар“. 

- Седум години се обидуваме да зачнеме бебе. Не можев да поверувам кога видов две линии на тестот за бременост - додаде Ракел.

Брачната двојка го одржува својот изглед со заедничко пешачење и редовно одење во теретана.

извор:telegraf.rs
фото:instagram