Ме мрази семејството на сопругот: Невеста објави фотографии од венчавката, кога ќе ги видите - сè ќе ви биде јасно

Сè ѝ било јасно кога се појавиле на венчавката

Не е невообичаено семејството на невестата или на младоженецот да не го одобруваат изборот на нивното „дете“, а понекогаш тоа тие го изразуваат на многу грд начин.

Видеото со невеста која беше исклучена од семејната фотографија на нејзината венчавка го шокираше светот, а во слична ситуација се нашла и друга невеста.

Тие не ја исклучиле од фотографијата, но со изборот на облека, испратиле јасна порака за венчавката. Иако венчавката се одржала во средината на летото, жените од семејството на младоженецот одлучиле да се облечат во црно на плус 30 степени, како да одат на погреб. 

Револтираната невеста го сподели своето разочарување со корисниците на ТикТок.

„Сите жени решија да носат црни фустани за погреб на нашата венчавка, а венчавката се одржа кон крајот на летото“, објасни таа.

Невестата исто така истакна дека од неа биле замолени да имаат малку златни детали на нивната гардероба, со цел да се „вклопат“ во декорот, но дека неговите намерно бојкотирале сè. 

Коментарите што ги оставија другите корисници на оваа мрежа беа смешни ...

„Одлично, сега може да носиш нешто бело и светкаво на нивниот погреб“.

„Зошто воопшто дошле ако не го поддржуваат изборот на нивниот син“, се прашуваше еден корисник на „ТикТок“, додека имаше и такви кои сметаа дека можело да поминале и „полошо“.

„Биди среќна што не дошле облечени во бело. Тоа веќе би значело војна“.

А, што мислите вие?


Фото: TIKTOK/SCREENSHOT

Можеби ќе ве интересира:

Драга, се омажи за мамино синче: За неа велат дека е најтажната невеста (ВИДЕО)