Медената Атиџе денес полни 58 години: Имаме можност сите да ѝ помогнеме - нејзин портрет на аукција како роденденска хуманитарна акција

Минатата година, Атиџе за прв пат славеше роденден.Благодарение на најзината верна пријателка, Сузана Турунџиева која ѝ подготви тридневно славење.

Денес медената Атиџе го слави 58-от роденден, а по тој повод, Сузана повторно одлучи да ја израдува својата пријателка.

Имено, заедно со уметникот Саше Милевски одлучија да стават на аукција портрет од Атиџе, кој лично уметникот Милевски го изработил, а со цел да се присоберат финансии кои би ѝ се донирале на Атиџе.

„Драги пријатели,

Вечер точно на полноќ стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58 роденден на нашата Атиџе МуратоваПланирано е тоа да биде 24 часовно наддавање за уметничко дело - портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Sashe Milevski во техника акрил на платно, со димензии 90х70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да и ги подари на Атиџе.

Добредојдени сте сите кои сакате да се вклучите во наддавањето кое ќе биде јавно, транспарентно, во коментари на овој пост.

Почетна сума за наддавање- 10000 денари.

Наддавањето започнува точно на полноќ и трае до утре на полноќ.

Секој кој ќе си дозволи коментар или порака со било каква навредлива содржина или говор на омраза ќе биде блокиран, отстранет од листа на пријатели и пријавен кај фб администратор“ - напиша Сузана со оглед на тоа што периодов, за жал, беа мета на негативни коментари на социјалните мрежи.