Медената Атиџе конечно среќна: Новата ќуќа е скоро готова (ФОТО)
Хероината која минатата година ја прослави нашата земја конечно ќе биде среќна.
Куќата во која ќе живее е скоро готова, а со помош на Сузана Турунџиева и нејзините хумани пријатели, иако беше стара, ќуќата добива нов лик.
На социјалните мрежи Турунџиева со низа фотографии објави дека градежните работи околу куќата влегуваат во завршна фаза.
Турунџиева, упати големо благодарам до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа големата донаторска мисија.
„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел - да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна!“ - напиша Турунџиева на Фејсбук.
Од фотографиите се забележува дека Атиџе е навистина задоволна. Добила и торта со илустрација од „Медена земја“ а нејзината снаа пак за гостите и Турунџиева направила најслатки пити.
Сузана Турунџиева веќе некое време се дружи, ѝ помага и ја поддржува медената Атиџе Муратова.
Сега Атиџе конечно може да се опушти и да живее во дом каков што секој жив човек заслужува.
Фото: Фејсбук-официјален профил Сузана Турунџиева
Прочитајте и:
На жената не треба да ѝ покажуваш колку си јак, но колку си слаб на неа: Сузана Турунџиева искрена