Mедицинска сестра (29), почина од коронавирус: Семејството и пријателите сакаат сите да знаат каква била

Почина медицинска сестра (29) која имала насмевка за секое дете, семејството и пријателите сакаат сите да знаат каква била

Медицинската сестра Ребека Мак (29), која претходно работеше во амбулантата „Ројал Викторија“, почина во неделата. Таа се бореше со пандемијата заедно со други колеги во Националната здравствена служба на Велика Британија.

Пријателите и колегите ја опишуваат како неверојатна медицинска сестра која го правела своето семејство гордо секој ден, со насмевка за секој пациент.

Медицинската сестра која била омилена во одделот за детски онкологија почина од коронавирусот.

Најдобрите пријатели на Ребека Мак велат дека била искрена, топла и харизматична и горда на својата работа.
Родителите на децата, за кои Ребека се грижела, рекоа дека таа им била прекрасна помош на нивните малечки.

„Сите деца ја сакаа“, рече таткото на девојче, пациент од леукемија, за кој се грижеше Ребека.

Една нејзина пријателка, Сара Брадин-Кемп, напиша: "Ова е навистина тешко. За секој што не знае - ја изгубивме нашата убава Ребека Мек во неделата. Таа имаше 29 години и беше една од моите најдобри пријатели. Бека беше лојална пријателка, исклучителна медицинска сестра. Таа беше таму со пријателите кога се сомневаа во себе, можеше да разговара со часови по телефон со пријателите ако им треба, им посакуваше се најдобро, беше горда на нејзината работа. “

Голем број родители на деца за кои се грижеше Бека, жртвата на пандемијата КОВИД-19, исто така, споделуваа убави сеќавања за неа.

Многумина коментираа на социјалните мрежи: „Рајот доби уште еден ангел“, „Се надевам дека по овие трагедии NHS ќе добие подобри услови за работа и поголема плата“.