Медицинска сестра тврди дека сите пациенти со корона кои таа ги лекувала го имаат овој симптом

Една од медицинските сестри во болницата “Центар за живот“ на Киркланд, Челси Ернест, во фокусот на епидемијата во Вашингтон, го откри уникатниот и најважниот симптом на „Ковид-19“ што го забележала кај секој пациент - црвени очи!

Таа за Си-Ен-Ен изјави дека ова е најкарактеристичен симптом и дека таа лично била сведок на присуство кај сите пациенти заразени со коронавирус со кој се соочила.

„Нивните очи изгледаа ... како со алергиска реакција“, изјави Челзи.

Ернест тврди дека заразените кои пристигнале во болницата во Центарот за живот, честопати немале други симптоми.

„Имавме пациенти кои немаа симптоми или проблеми освен црвени очи. Дури и еден медицински техничар од брза помош ме праша: „Ми се чини ли или имаат сите црвени очи?“ Му реков дека добро забележал “, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Од друга страна, ниту Светската здравствена организација, ниту Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) не ги наведоа црвените очи како еден од можните симптоми на списокот на симптоми.

Патем, неодамна, Американската академија за офталмологија испрати предупредување дека 1 до 3 проценти од луѓето со коронавирус можат да развијат конјунктивитис, советувајќи ги колегите офталмолози да носат заштитни маски и очила.