Меган и Хари бесни по одлуката: Принцот Чарлс ќе се погрижи неговиот внук Арчи никогаш да не стане принц

Британските медиуми пишуваат дека принцот Чарлс ќе се погрижи неговиот внук Арчи, кој има само две години, никогаш да не стане принц!

Тој стави до знаење дека Арчи никогаш нема да биде во „првите редови“ на семејството, ниту дека ќе може да биде принц, бидејќи планирал големи промени кога самиот ќе стане крал.

Чарлс има план да го намали бројот на клучни членови на семејството и смета дека јавноста не сака да ги покрие трошоците за проширување на монархијата.

Принцот објави промена во документите со кои, наводно, ќе се осигура дека Арчи не може да ја има титулата принц. Како што е напишано, Хари и Меган се лути на ова, а тоа дополнително ги наруши односите на Хари со неговиот татко.

Покрај тоа, пишува дека Хари ќе организира свои новинари на откривањето на статуата посветена на принцезата Дијана, што е планирано за 1 јули.

Не се познати сите детали за пеколниот план на Чарлс, но се претпоставува дека само наследниците на круната и нивните најблиски ќе имаат право на целосни титули, заштита и финансиска поддршка.