Меган ја обвини Бакингемската палата: Шират невистини за мене и Хари

Војвотката од Сасекс во едно интервју изјави дека Бакингемската палата шири невистини за неа и принцот Хари

Во краток извадок од интервјуто што парот и го даде на Опра Винфри, Меган беше запрашана како се чувствува бидејќи Бакингемската палата денес ќе ја чуе „нејзината вистина“.

„Не знам како тие можеа да очекуваат да молчиме по сето ова време, ако палатата има активна улога во ширењето невистини за нас“, рече Меган.

Бакингемската палата соопшти дека ги истражува наводите дека војвотката го злоупотребила персоналот на палатата Кенсингтон, додека таа и принцот Хари живееле таму во 2018 година.

Обвинувањата за злоупотреба беа објавени по снимањето на интервјуто, кое ќе се прикаже во недела во САД и понеделник во Велика Британија.


Се очекува Хари и Меган да го опишат својот краток аристократски мандат пред да дојдат да живеат во САД.


Фото: Youtube/screenshoot

Moжеби ќе ве интересира:

Воодушевени се: Откриен полот на бебето на Меган Маркл и принцот Хари