Меган Маркл и принцот Хари снимаат свое реално шоу: Камери ќе ги следат во следните 3 месеци

Парот „сака да им ја покаже на луѓето целата добротворна работа што ја прават“, пренесуваат странските медиуми.

Меган Маркл и принцот Хари се согласија камери да ги следат 3 месеци, а реалното шоу ќе се прикажува на Нетфликс.

Изворот открива дека парот потпишал договор со Нетфликс вреден 112 милиони фунти.

"Тие имале возвишени идеи за прикажување на борбата за подобро животна средина и јазот меѓу богатите и сиромашните, но Нетфликс дефинитивно сака парче од нив. Сето тоа ќе се направи со вкус. Тие сакаат да им покажат на луѓето дел од нивните животи, како и добротворната работа што ја прават “, изјави извор за Сан.

Според изворот, „поголемиот дел од реалното шоу ќе биде за нивната филантропија, но не и за она што го прават зад затворени врати“.

Меган се надева дека со оваа серија ќе им ја покаже на гледачите нејзината вистинска личност, додека од друга страна публиката смета дека парот е лицемерен затоа што ја напуштија Велика Британија сакајќи приватност и сега снимаат реално шоу.

Претставниците на Нетфликс велат дека парот има неколку проекти на кои работат и дека тоа ќе го прикажат во новата серија.

фотo: Profimedia

извор:stil.kurir.rs

Поврзани вести:

-(ФОТО) Меган Маркл во кошула на Викторија Бекам: Едноставен и шик изглед
-(ГАЛЕРИЈА) 30 фотографии од избришаниот Инстаграм профил на Меган Маркл
-Сите ги интересира: Принцот Хари откри што мисли за неговиот нов живот