Меган Маркл поради своите години припаѓа на посебна група трудници
Поранешната актерка Меган Маркл е една од жените кои останале бремени во поодминати години, меѓу кои и се некои членови на кралските семејства.
Во понеделникот целиот свет ја откри веста дека принцот Хари и Меган Маркл го очекуваат своето прво дете. Радосната вест ја објави Кенсингстоновата палата, додека идните родители се на првото меѓународно патување во Австралија.
Бебето доаѓа на пролет, а Меган со оглед на своите години ќе биде третирана како „постара трудница“.
Со оглед на тоа што Војвотката од Сасекс има 37 години, технички е класифицирана како „геријатриска бременост".
Овој термин е во употреба децении наназад и ја опишува жената која е постара од 35 години, но денес е помалку користен поради својот „навредлив тон“.
Британските медиуми пренесоа дека „Меган е целосно здрава" и дека е во 12-тата недела од бременоста, што значи дека детето се зачнало на крајот на јули или почетокот на август.