Меган Маркл се сомнева во заговор за уништување на нејзиниот углед

Војвотката од Сасекс и поранешна актерка Меган Маркл (38) смета дека имало заговор против неа од страна на членовите на кралското семејство на Велика Британија, со цел да се оштети нејзиниот углед.

Имено, Меган смета дека сето тоа започнало кога се преселила во палатата Кенсингтон со принцот Хари во 2018 година.

Таа верува дека тие сакале да ја оштетат нејзината репутација, откако се омажила за Хари, со цел да го раскинат бракот.

- Таа беше убедена дека има заговор против неа, па буквално се изолира кога се преселија во Фрогмор - рекла нејзина пријателка.

- Мислам дека се чувствуваше како аутсајдер уште од почеток. Ова не беше животот на кој можеше да се навикне и таа сакаше да го напушти - додава пријателот.

- Таа почна да се чувствува изолирана и ѝ недостигаше нејзината мајка и пријателите од Лос Анџелес - откри тој.

Нејзината финансиска независност беше движечката сила зад нејзината и одлуката на Хари да го напуштат кралското семејство и да се преселат од Велика Британија во сончевата Калифорнија.

- Она што и пречеше на Меган е тоа што не заработуваше пари. Таа секогаш работеше и не мислам дека се чувствуваше исполнето. Желбата за финансиска независност беше една од најголемите причини за напуштање - рече тој.

И покрај вестите на странските медиуми дека не се снашле баш најдобро во Лос Анџелес, парот ужива во пријателството со пејачката Адел и Оскаровецот Леонард Ди Каприо.

- Сигурен сум дека нивниот социјален живот ќе се развива и на вечери и забави во Лос Анџелес, каде ќе бидат опкружени со луѓе на кои можат да им веруваат и да се поврзат - рече уредничката на каналот „Е“ Мелани Бромли.

Двојката беше ставена во карантин со недели за време на коронавирус во вилата на Тајлер Пери во Калифорнија, каде престојуваа со нивниот 1-годишен син Арчи.

Извор: telegraf.rs

Принцот Хари не крие дека е несреќен: Му недостига семејството, титулата и кралските обврски