Мексиканка ја понесе титулата „Мис Универзум“: Погледнете каква убавица е (ФОТО)

Изборот за Мис Универзум 2020 година се одржа по шеесет и деветти пат во Холивуд, Флорида, во хотелот и казиното Семиноле Хард Рок. 

Зозибини Тунис ја предаде круната по скоро година и пол, што ја прави Мис универзум со најдолг стаж во историјата на ова натпреварување.

Поради пандемијата на коронавирусот, времетраењето на избоот се намали од претходните три недели на само десет дена.


Победничката, кој потекнува од Мексико, Андреа Меза, има дваесет и шест години и е инженер кој е фокусиран на борба за правата на жените и тесно соработува со организации за борба против насилството. Таа е член на глобална организација за прибирање средства во Индија, Индонезија и Кина. Таа сака екстремни спортови и е туристички амбасадор на градот Чивава, од каде потекнува. Интересно е што сака да пее.

По прелиминарната претквалификација одржана два дена пред финалето, беше одлучено Аргентина, Австралија, Бразил, Колумбија, Костарика, Курасао, Доминиканска Република, Франција, Велика Британија, Индија, Индонезија, Јамајка, Мексико, Мјанмар, Никарагва, Перу, Филипини, Порто Рико, Тајланд, САД, Виетнам  да влезат во Топ21. Дваесет и една финалистка ја прошетаа сцената во костим за капење.


Најатрактивните и најсигурни убавици сместени во Топ 10; Австралија, Бразил, Костарика, Доминиканска Република, Индија, Јамајка, Мексико, Перо, Порторико и Тајланд. Дваесет финалисти беа избрани по прелиминарниот натпревар, додека Мис Виетнам победи преку гласање преку Интернет. Наградата за најдобра национална носија и припадна на Мис на Мјанмар.

Натпреварот продолжи во вечерни фустани, а потоа жирито одлучи петте најубави девојки на изборот „Мис универзум 2020“ да доаѓаат од Бразил, Доминиканска Република, Индија, Мексико и Перу. Токму тие имаа можност да одговорат на прашањата на жирито.


Прва придружничка беше Мис на Бразил Jулија Гама, која ќе ги преземе своите должности во случај на неможност да не ги исполни обврските на победничката, а втора придружничка беше Мис Перу Јаник Мацета.

Изборот го водеа Марио Лопез и поранешната Мис на универзумот Оливија Кулпо. Поранешната мисица Паулина Вега и Деми Лиа Нел Питерс ги следеа настаните од зад сцената, додека жирито беше составено од успешни деловни жени. Настапуваше Луис Фонси, порториканската sвезда најпознат по хитот Деспасито.


За разлика од изборот за Мис на светот, изборот за Мис Универзум беше успешен и покрај глобалната пандемија, иако наместо вообичаениот број на натпреварувачи кои бројат над 90 финалисти од целиот свет оваа година, имало 74, што се должи на позитивните откритија на девојчињата и неможност за организирање на национални избори.

Како и секоја година, изборот беше придружуван од некои анегдоти, како изгубениот багаж на госпоѓицата Мјанмар и националниот костум од дваесет килограми од госпоѓица од Филипините. Интересно е и тоа што Мис Мексико и Мис Бразил се натпреваруваа и на изборот за Мис на светот; Мис Мексико 2017 прогласена за прва придружничка.



Foto: Miss Universe Organisation