Мелани Грифит, паднатиот ангел на Холивуд: Живот проткаен со љубов, порок и борба за здравје

Добивај вести на Viber

Фаталната русокоса никогаш не престана да ја интригира јавноста

Мелани Грифит, една од најконтроверзните американски актерки, го прослави својот 65-ти роденден. Таа уште од првиот ден од кариерата го привлече вниманието на јавноста, не само благодарение на улогите, најмногу во романтичните филмови, туку и со приватниот живот.

Мелани е родена на 9-ти август 1957-ма година во Њујорк, а кога нејзините родители се развеле имала само четири години. Нејзината мајка набрзо повторно се омажила и добила три сина со кои пораснала Мелани.

На екранот за прв пат на 12 години

Кога имала само 12 години, Мелани глуми во нејзиниот прв филм, но нејзината улога во „Something wild“ ја однесе во светот на познатите. Тогаш нејзината кариера тргна на посериозен пат.


Мелани досега има играно во повеќе од 50 филмови, а може да се пофали со престижната награда - „Златен глобус“ и номинацијата за „Оскар“. Таа ги помина 2000-тите настапувајќи во телевизиски серии, а во 2003-та година го имаше своето деби на Бродвеј во оживување на мјузиклот „Чикаго“ , одбивајќи одлични критики.

Во 2010-тите, Грифит се врати на филмот, глумејќи заедно со нејзиниот сопруг Антонио Бандерас во научно-фантастичниот филм „Automata“ од 2014-та година.

Четири пропаднати бракови

Нејзината прва љубов се случила кога имала само 19 години; тогаш таа лудо се заљубила во Дон Џонсон и решила да се омажи за него. Сепак, бракот траеше само шест месеци, а шест години подоцна следеше нова романса и втор брак. Овој пат срцето ѝ го украде Стивен Баер.

Од нивниот петгодишен брак го добија синот Александар, првото дете на актерката. По разводот со Стивен, следеше мрачна епизода од нејзиниот живот. Мелани им се предаде на алкохолот и дрогата, а заедно со сето тоа дојде и депресијата, а набрзо заврши на рехабилитација.

Кога се опорави, Мелани се врати кај својот прв сопруг Дон и повторно се омажи за него во 1989-та година. Со него истата година ја доби ќерката Дакота Џонсон, која е позната по главната улога во филмот „Педесет нијанси сиво“.


Но, дека ни фустанот не треба да се крпи, а камоли љубовта, докажува нивниот повторен развод, а потоа и смирување, за во 1995-та година и официјално да се разделат. Откако преживеа љубовен бродолом, актерката не можеше ни да сонува дека само неколку месеци по раскинувањето со Дон, ќе го запознае и ќе се заљуби во Антонио Бандерас.

Во тој момент Бандерас беше во брак со Ана Леза, но тоа не го спречи да ја напушти и во 1996-та година по четврти пат ѝ стави прстен на раката на Мелани. Истата година ја добија ќерката Стела.


За жал, нивната идила не траеше долго, бидејќи зависноста повторно тропнала на вратата на Мелани и во 2000-тата година отиде во клиника за рехабилитација во Флорида. По 19 години брак, поточно во 2015-та година, Антонио и Мелани се разведуваат. Тоа беше еден од најскапите холивудски разводи, „тежок“ околу 50 милиони долари.

- Мислам дека дел од причината зошто ни се распадна бракот е тоа што заглавив, немам кој друг да обвинувам. Се заглавив и нема да дозволам тоа да се повтори, сакам да уживам во животот, да го правам тоа што сакам – изјави тогаш таа.


Пластични операции

Веќе на 40 години, Мелани ја направи првата пластична операција и почна да го трансформира својот физички изглед. Потоа направи бројни естетски зафати, бидејќи не можеше да ги поднесе знаците на старост на лицето и телото. Поради тоа често беше мета на критики кои позитивно се одразуваа на неа.

- Не бев свесна за ништо додека не ги слушнав луѓето како велат: „Боже, што си направила на самата себеси? Бев толку повредена што отидов кај друг лекар кој се обиде да поправи сè што беше претерано на моето лице - рекла Мелани.

Таа двапати го победи ракот

На Мелани во 2009-та година ѝ беше дијагностициран рак на кожата, кој потоа беше отстранет со операција во ран стадиум. Осум години подоцна, ракот повторно се врати и се обиде да ѝ го направи животот пекол.

Мелани потоа направи операција и терапија за отстранување на меланомот на кожата која се покажа како успешна, а актерката излезе како победник од оваа битка.

Извор: ona.telegraf.rs