Меланија Трамп знае дека точките се враќаат во мода: Таа одржа уште една лекција за стил
Фото: Fox news/ Melania Trump on possible return to White House: 'Never say never'
Многумина велат дека „мандатот“ на модната икона на оваа дама никогаш нема да истече
Меланија Трамп уште еднаш на дело покажа зошто важи за една од најдобро облечените први дами досега.
Таа и Доналд Трамп беа фотографирани во јавноста, а повод беше најавата на нејзиниот сопруг дека повторно ќе се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави во 2024 година.
Со оглед на тоа дека Доналд ќе биде политички поактивен, тоа значи дека Меланија повторно ќе имаме можност почесто да ја гледаме во убави комбинации.
Меланија за вчерашното појавување облече тегет кошула со бели точки, со што докажа дека верно ги следи модните трендови, со оглед на тоа дека ваквиот дезен направи големо враќање.
Носеше и бело здолниште кое беше веднаш над колената и бели салонки кои совршено се совпаѓаа со целокупниот стајлинг.
Извор: ona.telegraf.rs