Мелем за очи: Новиот луксузен салон на Magnetic Gallery

Добивај вести на Viber

Во прекрасна атмосфера, со многу задоволни клиенти и соработници се случи официјалното отворање на новиот луксузен продажен салон Magnetik Gallery.

Пријатната музика од Македонска филхармонија беше вистински мелем за уши, а новите колекции за есен-зима 2019/20 година на препознатливитe италијански брендови Max Mara Studio, Weekend Max Mara, Max Mara Leisure, Sportmax, Patrizia Pepe, Liu Jo, Marella, Joseph Ripbkoff, Pinko и Paul & Shark неверојатен мелем за очи за присутните.

Префинетиот и софистициран стил на оваа гала вечер, го видовме и на многубројните гости, меѓу кои и манекенката Катарина Ивановска и пејачката Аделина Тахири.

Тахири воедно е и заштитно лице на последните колекции на Magnetic Gallery, а со својот исклучително впечатлив стил ќе ве натера да се заљубите во најновите модели на луксузните брендови.

„Во срцето на најголемиот трговски центар во Македонија, Skopje City Mall, продолжува нашата модна приказна, ве очекуваме во Галерија Магнетик во Skopje City Mall “ - порачуваат од Magnetic Gallery.