Менталното здравје на жените како тема во третата епизода на dm поткастот ,,Женски ритам“

Добивај вести на Viber



Со намера да се истакне важноста за грижата за менталното здравје, dm со задоволство ја објавува третата епизода од сопствениот поткаст, насловена – Колку и како се грижиме за менталното здравје? Во оваа епизода две познати дами со својата експертиза и искуство раскажуваат различни приказни низ кои тие поминале и даваат корисни совети за одржување на менталната хигиена.

Слушателите на dm поткастот, овој пат ги очекува искрена и интересна дискусија со водителката Ана Јовковска и двете извонредни гостинки: Бојана Стојменовиќ Петровска - психолог, семеен и системски советник и Дона Неделковска - дипломирана докторка по дентална медицина, фотографка и креаторка на содржини.  

Третата епизода која излезе овој петок, на 9 август, низ повеќе од 1 час ќе ви стане новиот омилен извор на инспирација за одржување на вашата ментална хигиена и ќе ве охрабри да гледате на животот на еден малку поинаков, позитивен начин.

Бојана Стојменовиќ-Петровска која е позната по својот Instagram профил Мој психолог ни раскажа за тоа зошто жените се повеќе склони кон одредени ментални нарушувања, но и ни посочи како се поврзани менталното и физичкото здравје:


Додека пак, Дона Неделковска искрено ни раскажа за својата животна приказна која ја довела до тоа да сфати дека понекогаш е неопходно да побараме помош – без разлика дали стручна или поддршка од најблиските, и тоа да го направиме навремено:  ,,Самиот животот и насоката во која животот се движи, можеби би бил поразличен доколку порано, навреме сме побарале помош или рано сме ги решиле внатрешните конфликти и емоции и сѐ што сакаме во животот - вака се добива нова насока. Јас го сменив мојот живот од корен откако ми се случи тоа, но зошто чекав да се случи нешто големо за јас да направам промена?“

Ве интересира и за кои други теми разговараа гостинките во поткастот? Изгледајте ја целата епизода ТУКА.


Серијата од епизоди на dm поткастот ни носи богато знаење и стручни совети, истакнувајќи ги различните перспективи на предизвиците и триумфите со кои се соочуваат жените во својот живот. Сите епизоди може да ги изгледате на YouTube каналот на dm!

Пр објава