Ми беше професор и пријател: Весна Бејби со емотивна посвета за Горан Стефановски

Најголемиот драмски писател за мене Горан Стефановски, ми беше и професор и пријател. Си замина во вечноста, последен пат го видов на пешачки и му викнав од кола: „Те сакааам!“. Каков ум и каков фраер драги мои. Да живееш во времето на Горан е вистинска привилегија. Какво богатство ни остави.. непроценливо! Моите мили деца од актерската школа од најмала возраст ги учам кој е Горан и говорат негови текстови. Ќе недостасуваш најмногу.. стварно нема смисла..

(Фејсбук статус на актерката Весна Петрушевска)